Вучиќ: Србија е воено неутрална земја, нема да влезе во НАТО

пред 3 години

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека Србија нема да влезе во НАТО бидејќи е воено неутрална земја.

-Мислам дека ова е најдобра позиција, самите да ја штитиме нашата земја, нашето небо и нашиот народ и да продолжиме да се однесуваме така, рече Вучиќ синоќа во телевизиско гостување.

И професорот на ФПН, Иво Висковиќ, на истата тема рече дека не ја гледа Србија наскоро во НАТО, но верува дека во иднина тоа ќе зависи од тоа што ќе се случи во светот.

Scroll to Top