(ВИДЕО) Трипуновски: Заеви се влезени во бизнисот со тутун и им одговара ниската откупна цена

пред 3 години

Нема крај на лагите на Зоран Заев. Тутунарите се излажани по трет пат. Заеви се влезени во тутунскиот бизнис и затоа им одговара ниска цена. Помалку за тутунарите, повеќе за Заеви. Заев намерно одолговлекува и не сака да се дојде до решение – рече на прес конференција пред Владата, Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој му порача на Премиерот Заев да ги прифати трите предлози на неговата партија.

1. Зголемување на субвенцијата за тутун 100 %, односно од сегашните 60, 70 и 80 денари субвенцијата да биде 120 денари за трета и четврта класа, 140 за втора и 160 денари за прва категорија тутун, со што ќе се надомести разликата која што во моментот им се случува на тутунарите. Пари за оваа намена има доколку им се скрати од непродуктивните трошења и луксузи кои што си ги изгласа во Буџетот за 2021 година.
2. Државата да интервенира со обезбедување пари и преку Тутунскиот комбинат „Прилеп“ да го откупи вишокот тутун до последното ливче.
3. Под итна постапка да се измени Законот за тутунот и да се врати старото законско решение каде што е забрането увоз на тутун во Република Македонија.
4. Инспекторите од Државниот земјоделски инспекторат секојдневно да бидат распоредени на откупните места со што ќе го следат текот и откупот на тутун – рече Трипуновски.

Scroll to Top