ВИДЕО: Човек става дете во контејнер за донации за да земе облека

пред 3 години

Човек е снимен како става дете во контејнер полн со облека, каде граѓаните оставаат донации. На видеото кое што беше објавено на Твитер, пишува дека станува збор за контејнерот за донации што се наоѓа во близина скопскиот трговски центар „Сити Мол“.

Човекот прво го става детето внатре, кое виси со нозете надвор обидувајќи се да земе кеса со облека. Потоа му ја подава кесата на човекот, кој ја остава кесата на тротоарот, додека детето е сè уште во контејнерот. Според снимениот материјал, може да се види дека претходно на ист начин, човекот со помош на малолетното дете, успеал да земе уште една кеса со облека.

Овие контејнери се поставени на неколку локации низ Скопје и во нив граѓаните ја оставаат гардеробата која сакаат да ја донираат.

Scroll to Top