ВИДЕО: Запален контејнер опожари и возило во Дебар Маало

пред 3 години

Непознати лица денеска запалија пластичен контејнер во Дебар Маало, а пламенот го зафати и вториот контејнер, но и возилото кое беше паркирано во близина.

Пожарот се случил на улицата „Наум Наумовски Борче“, а по кратко време пристигнаа противпожарни екипи.

Пожарот беше изгаснат, а паркираното возило е видно оштетено.

Од Противпожарната единица коментираа дека пластичните контејнери кои неодамна ги постави Град Скопје се честа мета на пироманите бидејќи најлесно горат, не претпоставувајќи колкава штета можат да направат и врз околните возила и објекти, и врз животната средина.

Scroll to Top