(ВИДЕО) Шукова: Со „Акција 21“ преземаме сериозни чекори за заштита на животната средина

пред 3 години

„Стратешката рамка „Акција 21“, е сигурен показател на заложбите на СДСМ која како одговорна партија презема сериозни чекори за заштита на животната средина.

За заштита за животната средина, на нашите природни богатства, за чиста и здрава околина потребна е силна и бескомпромисна борба.

До 20 пати ги зголемивме казните за прекршоци во животната средина и воведовме 24 часовна контрола на Државниот инспекторат за животна средина и локалните инспекторати. Преку вмрежување со локалните капацитети ги зајакнавме и нивните ингеренции, за што првите резултати ги очекуваме во првите три месеци од следната година.

За 2021 година во Програмата за намалување на аерозагадувањето предвидени се 100 милиони денари за објекти за општините за замена на нееколошки системи за греење, зголемување на енергетската ефикасност како и обновување на урбаното зеленило“, рече Каја Шукова, претседателка на Комисија за екологија на СДСМ.

„Во 2021 година ќе продолжи инвестирањето во замената на нееколошките системи за греење и до 2024 година ниту една државна институција нема да користи загадувачки енергенси.

Ќе се формира комунална полиција на локално ниво, со која досегашните комунални инспектори и екопатроли ќе можат заеднички да преземаат мерки за сторителите на штетните активности, за што Министерството за животна средина и просторно планирање подготвува закон.

Со цел обезбедување чист воздух и здрава животна средина, од државниот буџет со 70 милиони евра ќе се финансира еколошки чистиот и брз автобуски систем во Скопје, а воедно ќе продолжат и субвенциите, како проектот инвертер клими за дополнителни 5000 домаќинства.

Во 2021 година еден од главните приоритети е зголемување на процентот на заштитени природни подрачја.

Годинава започна постапката за прифатливост за прогласување на дел од Осоговските Планини за заштитено подрачје, како и постапката за прифатливост за прогласување на локалитетот Студенчишко Блато за парк на природа, како и на дел од Водно за заштитен предел.

Во 2021 година ќе продолжиме со постапката за Шар Планина да се развива како национален парк и ќе се донесат планови за управување со националните паркови Пелистер, Галичица и Маврово, како и планови за управување со заштитените подрачја.

Со ефикасна борба за заштита на животната средина, обезбедувањето на еколошки чиста и здрава околина, чист водух значи Европа дома. За реализација на Акција 21, покрај надлежните институции, потребна е заедничка заложба. Сите заедно да придонесеме за европски, подобар живот, во нашиот зеднички дом“, изјави Каја Шукова, претседателка на Комисија за екологија на СДСМ.

Scroll to Top