Видливост до 50 метри во Охрид поради магла

пред 3 години

Поради појава на магла видливоста е намалена до 50 метри во Охрид, соопштија вечерва од „Македонија пат“.

Оттаму информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Scroll to Top