Поради магла, намалена видливост на повеќе патни правци во државава

пред 3 години

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ.

Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 100 метри има на патните правци Скопје – Велес и Велес – Скопје, од 40 – 50 метри на патниот правец Тетово – Скопје, до 100 метри на патниот правец Куманово – Страцин, од 30 – 50 метри на патните правци Битола – Прилеп и Кичево – Охрид, од 80 – 100 метри, на патниот правец Велес – Штип, до 100 метри на патниот правец Неготино – Д.Капија и од 80 – 100 метри на планинскиот превој Буково.

Од 15.11.2020 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Р2332 Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, затворен е за сообраќај за сите видови на возила од 15.11.2020 до 01.04.2021.

Scroll to Top