Виничанец и двајца Турци уапсени на бугарска граница, пробале да поминат со фалсификувани тестови за Ковид-19

пред 3 години

Тројца граѓани биле уапсени вчеравечер на граничниот премин „Делчево“ кон Бугарија, откако полицијата открила дека тестовите за коронавирус, кои се задолжителни при влез во соседната земја, биле фалсификат, соопшти МВР.

„На граничен премин „Делчево” синоќа во 21.30 часот полициски службеници ги лишиле од слобода М.Д.(20) од Виница и Г.Е.(28) и Ф.Ц.(30), двајцата од Република Турција, затоа што на увид приложиле негативни ПЦР тестови за кои, по извршени проверки, било утврдено дека се фалсификат,“ се вели во полициското соопштение.

Лицата биле придадени на инспектори од Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Исток за понатамошна постапка.

Scroll to Top