30 фалсификувани ПЦР тестови пронајдени во автобус на граничниот премин Деве Баир

пред 3 години

На граничниот премин „Деве Баир“, денеска при контрола во автобус на туристичка агенција од Скопје, полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции откриле 30 ПЦР тестови за Ковид-19, за кои постои основано сомнение дека не се валидни, односно дека не се извадени од овластена медицинска установа. Тестовите биле приложени од патниците и по направени дополнителни проверки, биле одземени, соопшти МВР.

Приведени се двајца албански државјани, кои биле изведени пред Судија на претходна постапка. За останатите 28 патници – македонски државјани ќе бидат направени дополнителни проверки и против нив ќе бидат поднесени пријави до Основното јавното обвинителство.

Scroll to Top