Владата го одобри нацрт-законот за систематизација на административните службеници

пред 3 години

На 26-та седница на Владата, се усвои нацрт-законот за систематизација на административните службеници вработени преку програмата за правична и соодветна застапеност, Програма К- 5 – информираат од кабинетот на првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи
меѓу заедниците, Артан Груби.

Целта на законот е да се реши 10 годишниот наметнат проблем и да се оствари програмата на владата без никакви дополнителни финансиски импликации.

Административните службеници ќе бидат распоредени во органите на локалната и државната управа, како и во другите државни тела основани во согласност со Уставот и законот.

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, најдоцна во рок од 15 дена по влегувањето во сила на законот, ќе предложи план на Владата за побрзо распределување на Рамковно вработените.

Scroll to Top