Владата го усвои скратениот полицискиот час, за патниците од Индија и Бразил – 14 дена карантин

пред 3 години

Забраната за движење од утре наместо од 21:00 часот, ќе започнува од 23:00 часот и ќе трае до 05:00 часот наредниот ден, а угостителските објекти ќе бидат отворени за гости до 22:30 часот.

Кафеаните и баровите ќе можат да работат само на терасите и отворените делови, како што е утврдено со постојните мерки и наменски протоколи, одлучи Владата на вечерашната седница.

Комисијата за заразни болести дополнително предложи, а Владата на седницата прифати воведување мерка за задолжителна самоизолација (карантин) во траење од 14 дена за сите домашни и странски физички лица – патници кои пристигнуваат од Индија и Бразил заради спречување на ширење на новите соеви SARS-CoV-2, соопшти владината прес служба.

Scroll to Top