Скратен полициски час, подолго работно време на кафеаните, Владата ги усвои новите мерки

пред 3 години

Министерот за здравство преку својот фејсбук профил информираше за новите мерки што Владата ги усвои на денешната редовна седница.

Почнувајќи од утре, 12 мај 2021 година на сила се новите мерки кои ги усвои Владата на денешната редовна седница:

Почнувајќи од утре, полицискиот час започнува од 24:00 часот, а трае до 04:00 часот наутро наредниот ден. Дозволеното време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) е до 23:30 часот.

Сите настани може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот простор. Вежбалните, фитнес центрите и теретаните може да отпочнат со вршење на својата дејност во објектите, се новите мерки што ги усвои Владата.

Scroll to Top