Владата одобри да се организира дневен престој за учениците до трето одделение

пред 4 години

Владата на Република Северна Македонија на својата седма седница го разгледа и усвои Записникот од Четвртиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, одржан на 28 септември 2020 година, и врз основа на заклучоците и препораките на Комисијата за заразни болести ги донесе следните одлуки и протоколи:

Одобрена е организацијата на продолжен престој на учениците во основните училишта за одделенијата кои ќе започнат настава со физичко присуство, со препорака продолжениот престој да се организира и реализира со ученици од иста паралелка и од исто одделение, без мешање на различни паралелки и одделенија.

Владата денеска го усвои извештајот на Комисијата за давање согласности за организирање настава со физичко присуство во училиштата за барањата на основачите доставени во периодот од 25.09.2020 до 29.09.2020 година, се вели во владиното соопштение.

Извор: a1on.mk

Scroll to Top