Владата попладнево ќе одлучува за ребалансот на буџетот

пред 4 години

Владата денеска ќе ја одржи својата редовна, 8-ма седница, на која ќе се разгледа предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година.

На предлог на Министерството за финансии на седницата ќе се разгледа и Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица.

Министерството за образование и наука за оваа седница на дневен ред ја постави на разгледување Предлог – програмата за изменување на програмата за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард за 2020 година.

Осмата седница на Владата е предвидено да започне во 18:00 часот.

Scroll to Top