Владата ќе расправа за Предлог-законот за изменување и дополнување на Буџетот

пред 4 години

Владата денеска ќе ја одржи својата редовна, 8-ма седница, со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните, соопшти владината прес-служба. На оваа седница на Владата ќе се разгледа Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година. На предлог на Министерството за финансии на седницата ќе се разгледа и Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, стои во соопштението. Министерството за образование и наука за оваа седница на дневен ред ја постави на разгледување Предлог – програмата за изменување на програмата за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард за 2020 година. Осмата седница на Владата е предвидено да започне во 18:00 часот. Текстот Владата ќе расправа за Предлог-законот за изменување и дополнување на Буџетот е превземен од А1он .

Scroll to Top