ВМРО-ДПМНЕ: Богдановиќ мора да одговара за несовесното седење во кафеана

пред 3 години

Во записникот од Пазарната инспекција јасно стои дека Богдановиќ се чекирал во хотелот точно на полноќ, а снимката која ја виде цела јавност како Богдановиќ седи во кафеана со уште две лица, како го служи келнер е направена претходно односно 3 часа пред Богдановиќ да се чекира во хотелот за престој, велат од ВМРО-ДПМНЕ во контекст на обвинувањата дека градоначалникот на Центар го прекршил полицискиот час и забраната за работа на угостителските објекти.

Според опозициската партија, Богдановиќ за можен спас од кривична и прекршочна одговорност, ги злоупотребува и ги става институциите во сопствена одбрана.

„Со ова станува се појасно дела законите во државата не важат подеднакво за сите. Додека власта ги затвора угостителските објекти, а граѓаните се затворени дома, додека оние го прекршиле полицискиот час плаќаат по 2.000 евра казна, Саша Богдановиќ седи во кафеана со уште две лица и не одговара за кршење на законите“, се наведува во партиската реакција.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат и дека во нормлани држави за вакво однесување се поднесуваат оставки, а, како што велат, само кај нас се бараат оправдувања.

Scroll to Top