ВМРО-ДПМНЕ: Влегуваш со негативен тест во болница, излегуваш позитивен и нема итна операција

пред 3 години

За Филипче ситуацијата со корона е под контрола кога во болница влегуваш со негативен тест, а излегуваш со позитивен тест на корона,обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„ За Филипче ситуацијата е под контрола ако пациент за итна операција влегува во болница негативен, а чекајќи ја операцијата добива и позитивен тест и го праќаат! Или ако човек кој е на умирање, а поради неорганизираниот здрaвствен систем не може да му се направи итна хируршка интервенција, во меѓувреме чекајќи ја истата се заразува и го праќаат дома.

За Филипче под контрола е ситуацијата ако сите здравствени установи се ковид центри, остантите не мора да се лечат, нека умираат.

А умираат од корона дневно по дваесетина, некогаш и повеќе од 40 лица, или речиси илјада и петсoтини лица починаа за стоте дена влада. Ситуацијата е под контрола очигледно постои само во главата на Филипче.

Зошто? Затоа што граѓаните не можат да добијат основна грижа, нема соодветна терапија, нема просторни услови, медицинските лица кои ионака се малку едвај издржуваат. Време е за одговорност! Мора да се стави крај на ваквото однесување на Филипче! Затоа Филипче и премиерот во заминување треба да заминат веднаш!“ соопшти партијата.

Scroll to Top