ВМРО-ДПМНЕ: Грешките на Филипче се плаќаат со десетици мртви

пред 4 години

„Грешките на Филипче се плаќаат со десетици мртви, оставката е веќе премал чекор, во прашање е кривична одговорност.Неспособноста на Венко Филипче во последното деноноќие закопа 30 граѓани. Филипче и Заев завија во црнина 30 семејства. Се гледа дека на Филипче му оди со црни рекорди“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, „неспособниот Филипче не се грижи воопшто за здравјето на граѓаните, наоѓа време само за свои бизниси и тендери и за луѓе од власта и го уништи здравствениот систем“.

„Поради тоа што јавните здравствени установи не се подготвени за справување со последиците од корона кризата, поради тоа што пациенти умираат по пат до болница или во болнички ходници, поради тоа што нема лекови, поради тоа што медицинскиот персонал е исцрпен, а и незадоволен Филипче треба да замине од функцијата министер за здравство.
Поради сето ова, поради сите фамилии завиени во црно Филипче треба да си даде оставка која во вакви услови е премал чекори. Секој кој ќе го загрози здравјето на граѓаните треба и кривично да одговора“, се додава во соопштението на партијата.

Scroll to Top