Трамп се потсмева со годините на Бајден

пред 4 години

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот ривал од редовите на Демократите, Џо Бајден во вторникот одржаа изборни митинзи во важните сојузни држави Пенсилванија и Флорида, во време кога претседателската кампања влегува во последната, интензивна фаза.

Досега 12 милиони Американци веќе гласаа на изборите, вклучувајќи 1,6 милиони на Флорида, според проекцијата на Универзитетот во оваа сојузна држава.

Со ова е срушен рекордот по бројот на предвремени гласови.

Кампањата не се намалува ниту на социјалните мрежи, особено на „Твитер“, каде Трамп е многу активен.

Денес, тој објави фотографија со која се потсмева на возраста на Бајден. На фотографијата од старци во дом за стари лица, е и ликот на Бајден при што неговиот слоган „Бајден за претседател“ е сменет во „Бајден за резидент“.

Инаку, Бајден има 77, а Трамп 74 години.

Анкета на Ројтерс/Ипсос објавена во понеделникот покажува дека Бајден има предност од седум процентни поени во Пенсилванија, наспроти петте процентни поени кои ги имаше една недела претходно.

Трамп со мала разлика ја освои таа држава во 2016 година.

Scroll to Top