ВМРО-ДПМНЕ: Делчев е нашиот идентитет, oстануваме на браникот на татковината

пред 3 години

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од генералниот секретар Ѓорѓи Сајкоски заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски, претседателката на Унија на жени Жаклина Пешевска денеска положија свежо цвеќе по повод 149 години од раѓањето на македонскиот револуционерен деец Гоце Делчев во црквата Св. Спас во Скопје.

„Оддавањето на почит на ликот и делото на великанот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев, еден од најистакнатите водачи и идеолози на Македонската ослободителна борба значи продолжување на нашата заедничка обврска за зачувување на македонската држава, македонската историја и јазикот“, велат од опозициската партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ ја уверуваат јавноста дека и натаму остануваат на браникот на одбрана на татковината, бидејќи, како што велат, Гоце Делчев е црвена линија и нашиот идентитет.

Scroll to Top