ВМРО-ДПМНЕ: До кога мислат Спасовски и Заев да молчат зошто му дале полициско обезбедување на криминалецот Седат Пекер

пред 3 години

„До кога мислат Спасовски и Заев да молчат зошто му дале полициско обезбедување на криминалецот Седат Пекер?!

Полициско обезбедување не даваат службениците од пасошко кои ги осудија, туку Спасовски и Заев.

Како МВР му дало полициско обезбедување на криминалецот Пекер и дали АНБ затаила со тоа што не им дала информација за него или тие прогледале низ прсти?!“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали на Пекер му е дадено полициско обезбедување затоа што е близок со Заев и затоа што му бил гостин во неговиот дом?

Дали блискоскта со премиерот е зелена карта за кршење на закони и за полициска заштита на криминалци?

ЈО да отвори случај и да испита како и кој му дал обезбедување на Пекер? И кој затаил АНБ или МВР? Одговорност мора да има“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Scroll to Top