Ким честиташе Нова Година и му заблагодари на народот што му верува и поддржува

пред 3 години

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун по повод Нова Година упати писмо со благодарност до сите граѓани на Северна Кореја и ги посети гробовите на својот татко и дедо, соопштија државните медиуми.

Во писмото Ким им се заблагодарил на луѓето што веруваат и ја поддржуваат владејачката партија дури и во „тешки“ времиња.

– И во оваа година напорно ќе работам за да ја внесам земјата во нова ера, во која ќе се остварат идеалите и желбите на нашиот народ, напишал Кима, кој претходно, како што наведуваат медиумите, се извинил што не ги исполнил ветувањата за економски напредок и поради проблемите со кои се соочуваат граѓаните, а кои се поврзани со меѓународните санкции против државата и воведените строги мерки во борбата против коронавирусот.

Националната телевизија објави снимки од новогодишната прослава на централниот плоштад, каде се гледаат голем број луѓе кои носат заштитни маски, но не држат дистанца и имаат в раце разнобојни светла и балони.

Северна Кореја соопшти дека досега нема ниту еден потврден случај на коронавирус, иако официјални претставници на Јужна Кореја и САД велат дека тоа е речиси неверојатно.

Scroll to Top