ВМРО-ДПМНЕ: Заев нема пари за здравството, ама има пари за златни лажици

пред 3 години

Додека Зоран Заев јаде со златни лажици, Македонија е 5 земја во светот по смртност од епидемијата со коронавирус, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Алчноста по злато и лично богатење го преокупираше Заев, кому очигледно дека око не му трепнува за тоа што над 85 илјади луѓе се заразија, а над 2.600 починаа. Македонија е последната земја во регионот и Европа која ќе почне со вакцинација на своето население. Наместо да обезбеди вакцини, тој се фокусираше на матните тендери, лиценците за марихуана и личното богатење на своето семејство“, се наведува во соопштението на опозициската партија.

Од таму посочуваат дека додека лажниот социјалдемократ Заев бесрамно се фали со луксузот и богатството кое го стекнал на криминален начин, народот во Македонија се бори за гол живот.

„Златниот прибор на Заеви покажува каде завршувале парите во оваа земја. Затоа немаше пари за тестови за коронавирус, затоа здравството е на колена, затоа нема заштитни средства и медицински материјали“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Преку социјалните мрежи неодамна се прошири фотографија од бадниковата трпеза на премиерот Заев, на која наводно се гледа златен прибор за јадење што го користи семејството на премиерот.

Scroll to Top