ВМРО-ДПМНЕ: Македонија ја нема на листите за вакцинирани, затоа што нема вакцини, ама ја има на листите за број на починати

пред 3 години

„Српскиот претседател Александар Вучиќ и рускиот, Владимир Путин постигнаа иницијален договор за производство на руската вакцина во Србија. Група екссперти следната недела доаѓа в Србија за старт на прозиводство на руската вакцина во Србија. Ова вчера беше вест во светските медиуми“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„По број на жители најмногу вакцинирани има во Израел, Велика Британија и САД, а на четврто место на светската листа е Србија.

Македонија ја нема на листите за тоа колку лица се вакцинирани, затоа што нема вакцини, ама ја има на листите за број на заболени и починати. И тука котира високо затоа што има скоро три илјади починати или околу илјада и петстотини починати на милион жители.
Ова е резултат од (нe)работата на Филипче.

Ова е резултат на тоа што Филипче се возеше на КОВАКС механизмот. Ова е резултат на непреговарањето со прозиводителите на вакцини.

Ова е резултат на бирањето/одбивањето од каде вакцини, а во суштина никој не ги ферма надлежните во Македонија. За ова одговорност мора да има!“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Scroll to Top