ВМРО-ДПМНЕ: Заев од СДСМ направи чувар на мафијата, чесните членови не ја препознаваат партијата

пред 3 години

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираат на обраќањето на претседателот на СДСМ Зоран Заев по повод 30-от роденден на партијата.

„Заев од СДСМ направи чувар на мафијата, чесните членови не ја препознаваат партијата која е окупирана од криминалците. Заев не кажа ништо за Рекет 1 и 2, за ташната со изрекетирани пари која по зборовите на Бојан Јовановски завршила кај Зоран и Вице Заеви. Заев не кажа ниту за Мафија 1 и 2 и за тоа како светски наркобосови земале македонски пасоши, а за тоа одговорност имаат службениците на пасошко“, стои во писмената реакција од оваа партија.

Од таму додаваат дека Заев додека славел ниту еднаш не ги спомнал над 4600 загубени животи, заради како што истакнуваат од таму лошиот систем, немањето тестови и таблети, а сега и вакцини.

„Заев молчи и за илјадниците штедачи кои останаа без денар по пропаѓањето на Еуростандард банката. Немаше ниту збор за десетината нерасчистени убиства. Додека Заев слави, над 150.000 семејства чии членови го прележаа Ковид-19 се со намалени приходи, 60.000 се без работа, 6.200 фирми ставија клуч на врата.Додека Заев слави, некој некаде во Македонија се разболува од КОВИД, а немаше, ако Заев набавеше вакцини на време“, пишува во дописот од ВМРО-ДПМНЕ.

Scroll to Top