ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев ја окупира СДСМ за лични и бизнис интереси

пред 3 години

Зоран Заев ја окупирал СДСМ за свои лични и бизнис интереси. Тоа не го говори само ВМРО-ДПМНЕ, тоа не го говори само јавноста, туку за тоа се свесни и дел од членовите на неговата партија. Последните информации кои излегоа во јавноста само покажуваат дека веќе ни членовите на СДСМ не веруваат во демократските капацитети на Заев и во неговите лаги за владеење на правото и подобар живот порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Јасно како денес е гледа султанизмот кој владее во СДСМ како и хибридниот режим во цела Македонија. Сите оние кои му пркосат ги јаде помрачина, а сите оние кои му се покорни се наградуваат. Шерифлукот кој владее во СДСМ ги направи сите оние кои се блиски до Заев да се чувствуваат над законот и над обичниот човек и мислат дека се што сакаат тоа може да го направат. Зоран Заев е проблем и за СДСМ и За Македонија. Како што велат во СДСМ „проблеми само се зголемуваат“ говори дека генератор на кризи и проблеми во Македонија стана Заев и кликата околу него. Проблемите на нашето општество се криминалот, корупцијата и хибридниот режим на Заев“ се вели во соопштението од опозициската партија.

Scroll to Top