ВМРО-ДПМНЕ: Изјавата на Пекер за средби со Заев го откри театарот на власта за скандалот Мафија

пред 3 години

Изјавата на Седат Пекер дека го познава македонскиот премиер, дека се пријатели и дека бил кај него дома, го разоткри целиот театар на власта околу скандалот Мафија велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„Оваа изјава го потврдува ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека власта на Заев во паника од излегувањето на аферата со 214 македонски пасоши доделени на светски криминалци со крадење на идентитети, организираше апсење на ситни риби и чиновници во МВР со цел да ја сокрие вмешаноста на високи функционери во власта.Имено изјавата на Пекер, кој е баран со потерници и посочуван за бос на туркста мафија, покажува дека Зоран Заев не само што знаел за неговиот престој во Македонија, туку и го примал на гости дома, а веројатно и самиот помагал тој да добие официјални македонски исправи под лажен идентитет Џадин Амедовски. Зоран Заев два дена молчи и не одговара, а со тоа сето ова го потврдува“ – стои во соопштението.

Scroll to Top