ВМРО-ДПМНЕ: Кој му даде мандат на Заев да преговара и да потпише нон пејпер

пред 4 години

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ за објавените детали од нон пејепрот кој наводно бил усогласен на состанокот во Берлин минатата недела меѓу Захариева, Османи и Димитров. Детали од договорот беа објавени попладнево од австрискиот новинар Кристијан Фердинанд Вершус.

„Кога ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски тврдеа дека постои нон пејпер кој Заев го договара, од власта кажуваа дека се измислици? Сега кога од австриски новинари се дознава дека не само што бил нуден туку и нон пејпер е потпишан, предавничката неспособна влада на Заев молчи
Прашањето е од кого доби дозвола Заев да преговара и која е вистинската соддржина на нон пејперот за кој медиумите пишуваат и што сака Заев да сокрие од јавноста? Дали сега ќе се извини Заев за тоа што ја лажеше јавноста“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ

Scroll to Top