ВМРО-ДПМНЕ: Јавно да каже Заев за што точно преговара викендов на тајни средби во Софија

пред 3 години

„Овој викенд во Софија се одржуваат тајни средби помеѓу македонски бугарски владини претставници. Ова досега Заев не го негираше. Според нашите информации се разговара за договор за јазикот, историјата, идентитетот и народните херои при што македонските владини претставници биле договорени да попуштат во црвените линии и ги прифатат бугарските максималистички барања“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев ги продава државните интереси на тајни средби додека во Македонија ја замајуваат јавноста. Алармираме Заев и неговата влада во заминување да не и прават штета на државата и ниту еден договор кој ќе биде штетен нема да помине и нема да биде прифатен од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија не е на продажба“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Scroll to Top