ВМРО-ДПМНЕ: Луѓе умираат, Заев и министрите се возат со хеликоптер

пред 3 години

Во Прилеп денеска Зоран Заев ни помалку или повеќе пристигна со хеликоптер.Во Прилеп имаме до денес 333-ца наши сограѓани, наши соседи,роднини и блиски луѓе починати и повеќе од 7,100 заболени од КОВИД, за ниту еден од нив не полетал хеликоптер, но затоа хеликоптер се крена за Заев и Филипче – вели Петар Ристески пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е невиден скандал и срам. Заев и Филипче возат мотори и кога умираат по 30 луѓе на ден, министри шетаат во Дубаи и Мексико, кога тука луѓето се борат за живот, а сега летаат со хеликоптери на државна сметка. Едно летање на хеликоптер чини колку стотици вакцини и други потребни медицински материјали. Но, Заев и Филипче наместо за борба против КОВИД19 пари трошат за летање со хеликоптер за одење за Прилеп“- рече Ристески.

Тој уште вели дека и нема како поинаку да дојдат бидејќи изградбата на патот Градско – Прилеп ја прекинале и сега истиот како што рече е небезбеден, а фирмата „Рубау“ си заминала, затоа што вели Ристески Заев и Сугарески му барале провизија.

Scroll to Top