ВМРО-ДПМНЕ: И три дена откако хеликоптер на МВР се користеше како такси за Заев нема одговорност од Спасовски

пред 3 години

„Спасовски наместо да пушти хеликоптер за некој од скоро 4.000 починати од КОВИД 19, кои ја изгубија битката со оваа болест, често и заради задоцнето примање во болница, тој го претвори хеликоптерот од МВР во такси на Заев.

Хеликоптерот не летна ниту еднаш за ниту еден ризичен случај, но лета за Заев и Филипче“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Смешни се обидите на Заев за вадење од калта во која сам потона. Доколку хеликоптерот на МВР е поевтино превозно средство од автомобилите, тогаш очекуваме тој веднаш да биде ставен на располагање на болниците низ државата, и да транспортира пациенти, наместо владини функционери.

Доколку не е поефтин, што е и реалноста, Спасовски да каже колку ја чинеше државата летањето на Заев?

Дали летањето на Заев чинеше 1.000.000 денари? И зошто тие пари наместо во борба против пандемијата се потрошија за хирот на Заев“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Scroll to Top