ВМРО-ДПМНЕ: Николовски да не и мачка путер на јавноста туку да каже колку народни пари потроши во Дубаи

пред 3 години

Во врска со актуелните написи за одмори на владини функционери во странство од опозициската ВМРО-ДПМНЕ побараа вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски да и каже на јавноста, колку народни пари потрошил за приватни потреби во Дубаи.

„Министерот за корупција Љупчо Николовски треба на јавноста да и одговори каков е тој продолжен викенд од 7 дена? Какви се тие приватни потреби на Николовски за да отпатува дури до Дубаи на продолжен викенд од 7 дена? Бидејќи е државен функционер платен со парите на граѓаните, да каже колку чинеше неговиот престој во Дубаи, каде беше сместен и дали од Дубаи ја координираше акцијата за мачкање путер во очите на јавноста“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие уште додаваат, дали Николовски е свесен дека половина милион Македонци живеат во огромна сиромаштија предизвикана од огромната корупција пред која тој не само што замижува, туку како што велат и ја аминува.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Николовски треба да одговори кога ќе си поднесе оставка како чин на морална одговорност.

Scroll to Top