ВМРО-ДПМНЕ: Рашковски и Николовски во Мексико и Дубаи, за одмор трошат колку за еден стан

пред 3 години

Додека во најава е нов карантин за викенд и затворање на границите врвот на власта тера луксузни одмори на тропски дестинации, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Рашковски наместо да одговара за криминал, замина за Мексико, каде еден одмор е околу 20 илјади евра. Николовски заврши со путерот, се измории отиде во Дубаи, каде одмор чини до 10.000 евра. Рашковски и Николовски напуштаат земја во кризна состојба, среде здравствена криза и полициски час. Народот нема леб да јаде, и едвај крај со крај сврзува, а луѓето на Заев трошат десетици илјади евра за одмор“, се наведува во соопштението.

Вчера во јавноста беа објавени информации дека поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, е на одмор во Мексико, а вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, во Дубаи.

Scroll to Top