ВМРО-ДПМНЕ: Освен скандалозната набавка на скала, истата фирма набавува спортска опрема за министерството на Шекеринска

пред 3 години

Додека ние објавуваме скандал со набавка на противпожарна скала од 1.7 милиони евра, двојно повеќе од таа во Загреб, замислете зетот на секретарот на Шилегов не стои ни минута во место, договорил и добил нов тендер од Радмила Шеќеринска рече на прес конференција Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Таткото на советничката од СДСМ, Михаела Иванова ја правел спецификацијата за набавка и го правел тендерот и тендерската документација за овој тендер од 1.7 милиони евра, ќерка му Михаела Иванова гласала на Советот, мрзеливиот апаш Шилегов потпишува, се разбира на крајот од денот зетот на секретарот на Градот Скопје преку фирмата „Армор плус“ ДОО набавува“ вели Нелоски.

Scroll to Top