ВМРО-ДПМНЕ: Оставка на Филипче, почина пациент молејќи за помош

пред 4 години

„Филипче е одговорен за хаосот во здравството. Вчера почина млад пациент од корона вирус во очај и агонија, барајќи спас и лекување во приватна болница. Се случува тотален распад на системот поради апсолутно најнеспособниот министер за здравство, Венко Филипче и катастрофалното менаџирање на кризата од страна на власта“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, дури Заев, власта и Филипче бараат алиби и виновници во други, Македонија бележи нови црни биланси. Заразени се нови 1.128 лица, а починати нови 12 луѓе од корона вирусот.

„Тоа се нови 12 зацрнети семејства поради неспособноста на власта и Филипче. Оставка од Филипче е она кое најмалку може да го направи, затоа што дозволи луѓе да умираат чекајќи брза помош со часови, затоа што болни добиваат инфузија во субстандардни услови во дворови на болници, затоа што со денови чекаат луѓето термини за тестови и резултати, затоа што здравствените власти имаат крајно некоректен однос кон персоналот, затоа што сме црни рекордери во регионот и пошироко по број на заразени и починати.

1.096 лица досега починаа од корона вирусот, а многу од нив можеби ќе се спасеа ако кризата се менаџираше подобро или од страна на некој друг наместо Филипче.На човекот гледаме дека приоритет му е градежништвото наместо здравството, па затоа заради здравјето и животите на граѓаните, најдобро е веднаш да си поднесе оставка.
Состојбата е дојдена до ниво, Филипче или живот“, се вели во соопштението.

Scroll to Top