ВМРО-ДПМНЕ предупредува: Имаме сознанија за уфрлување на поединци инструирани од власта за да го дискредитираат протестот

пред 4 години

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека имаат сознанија за уфрлање на поединци инструирани од власта, кои наводно ќе имаат задача да го дискредитираат протестот. – Предочуваме за сознанија за уфрлање на поединци кои се инструирани од власта, кои ќе имаат за цел да го дискредитираат протестот со елементи на говор на омраза и изразување на ставови кои не се дел на партијата, за да подоцна се дискредитира ВМРО-ДПМНЕ. Однапред се оградуваме од таквите инструирани сценарија кои само им одат во прилог на структурите на власта кои ја држат државата заробена и не посакуваат напредок. Токму затоа на однапред видно одбележано место пред Министерството за правда ќе се делат пораки и транспаренти кои ќе бидат дел од протестот чија јасна цел ја кажуваме денес. Ве повикуваме сите во 18:30 часот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: vecer.mk

Scroll to Top