ВМРО-ДПМНЕ: Со новиот Kлинички центар Заев и Филипче сакаат да направат криминал од половина милијарда евра

пред 3 години

Заев и Филипче сакаат и од Клиничкиот центар да направат криминал од половина милијарда евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ, откако од СДСМ денеска ги обвинија дека со 2.000 амандмани се обидуваат да го блокираат Законот за нов Клинички центар.

Меѓутоа, од опозициската партија сметаат дека со законот се отвора сомнеж за огромна корупција.

„И се дава на најкорумпираната влада во Европа можност преку исфрлање на критериумот за конкурентност да најде двајца понудувачи со кои ќе се договори за цената. Можно е да се потрошат и до 1 милијарда евра, бидејќи во законот не се утврдува рамка колку точно ќе се потроши. Во законот за Клинички нема ниту рамка која ќе ги дефинира трошоците за одржување“, стои во партиската реакција во која се наведува и дека власта го носи законот за градба, а нема решено имотно-правни односи.

Според ВМРО-ДПМНЕ, пропустите во законот се доказ дека власта не сака да го изгради клиничкиот, туку сака само да прави криминал.

„Заев и Филипче 4 години не мрднаа со прст за да изградат Клинички центар, доколку тие беа сериозни во намерите да го направат тој одамна требаше да биде почнат. Доколку само го продолжеа проектот на ВМРО-ДПМНЕ за изградба на клиничкиот центар тој сега ќе беше готов, но така немаше да може да договараат аванти и од изградбата на клиничкиот центар да прават криминал“, се додава во реакцијата.

Scroll to Top