Димитриеска Кочоска: Антикризните мерки се 350 милиони евра, а не 1 милијарда евра

пред 3 години

Гордана Димитриеска Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ со реакција за вредноста н антикризните мерки. Таа на својот фејсбук статус се обраќа до вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и вели дека тој повторно го демантира Заев. Според неа антикризните мерки се 350 милиони евра, а не 1 милијарда евра.

„По втор пат со тврдење дека помошта е 350 милиони евра го демантираш Премиерот и многу други официјални и партиски лица за тврдењето дека помошта од пакетите за КОВИД-19 е 1 милијарда евра“, пишува таа.

Честито Битиќи!
По втор пат со тврдење дека помошта е 350 милиони евра го демантираш Премиерот и многу други официјални…

Posted by Гордана Димитриеска-Кочоска on Вторник, 16 март 2021

Битиќи, вели Димитриеска Кочоска самиот признал дека дупката во буџетот ќе биде голема зошто реализацијата на приходите беше значајно пониска од она што се планираше во 2020 година.

„И пак тука се побивте сами. Премиерот и министерот викаа дека буџетот е во добра кондиција“. Не беше и не е. Но, и покрај тоа, вие најдовте пари за ГАМА, не ги сопревте вработувања во јавна администрација по партиски клуч, не ги сопревте неродуктивните трошења, а не обезбедивте дополнителни пари за здравство? Ни изостана директната помош од ЕУ (без камати), а скокате за заемот од Светска Банка на кој ќе плаќаме камата“, пишува Димитриеска Кочоска.

Таа ги смета за манипулативни тврдењата на Битиќи дека сме една од земјите со најниски стапки на пад на БДП во 2020 година.

„Битиќи вие како Влада ниту во еден момент не планиравте пад од 10% на БДП за 2020 година, па сега да се фалите дека сте успеале да го намалите?! Напротив. Падот го планиравте да биде 3,4%, па кога видовте дека тешко ви иде во справување со кризава ревидиравте на 4,4%“, реагира Димитриеска Кочоска

Scroll to Top