ВМРО-ДПМНЕ: Уставните судии да ги вратат парите од покачувањата кои не им припаѓаат

пред 4 години

„Уставните судии да ги вратат парите од покачувањата кои не им припаѓаат. Додека во земјава народот се вори за живот тие немаат право да си ги покачат парите. Луѓе умираат и губат животи на постела барајќи донации а уставните судии спротивно на закон си изгласале покачување на платите за себе“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„На земјава со водство на Заев не и треба втора пљачка со хонорари како што беше СЈО. Дополнително Уставните судии треба да ги почитуваат Уставот и законите, а не да ги кршат. Гласањето на додаток на плата е незаконски.

Секое покачување на плата или измени во тој дел треба да помине во Собрание, се друго е кршење на законите.

Дали со ваквите додатоци на плата треба да и се угоди на Кацарска која СДСМ сака да ја избере за Уставен судија, па покрај загарантираниот мандат од 9 години, таа треба да добие и повисока плата?!

Бараме веднаш да се укине ваквата одлука, и Министерството за финансии да не постапува по истата при исплата на платите“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Scroll to Top