Наваљни бара од Москва да ги предаде неговите алишта како доказ

пред 4 години

Критичар на Кремљ Алексеј Наваљни побарал денеска од руските власти да ја предадат облеката во која бил кога минатиот месец паднал во кома и ја обвинил Москва за скратување на важен доказ во неговиот случај. Наваљни рекол дека му е одземена облеката пред да е префрлен во Германија на лекување од Сибир откако му се слошило во авион, пренесува Ројтерс. Германија соопштила дека тестовите се извршени во три земји за да утврдат дали Наваљни е отруен со нервен агенс новичок поради што Запад побарал објаснување од Русија. “Пред да ми дозволат да заминам во Германија, тие ми ги соблекоа сите алишта од мене и ме пратија целосно гол“, напишал Наваљни на својот веб-сајт. “Со обзир на тоа дека новичок е пронајден на моето тело и дека е вероватна инфекција при контакт, мојата облека е многу важен доказ“, смета тој. Русија соопштила дека и се потребни повеќе докази за да покрене формална кривична истрага во случајот на Наваљни и побарала од Германија да и ги предаде медицинските податоци како би можела да ги разгледа. Таа наместо истрага, подигнала предистражна постапка која трае 30 дена, а кои спрема зборовите на Наваљни тоа е  начин ги скријат важните докази.

Извор: vecer.mk

Scroll to Top