ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема потреба од хистерија, народот на своја кожа осети што има, а што не во болниците

пред 3 години

„Филипче, полека нема потреба од хистерија, народот на своја кожа осети што има, а што не во болниците.

Филипче очигледно заборава дека пациентка умре во Штип затоа што немаше кој да и даде кислород“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на соопштението на Министерство за здравство.

„Филипче е глава на систем во кој се вакцинира преку ред.

Со недели немаше клексани. Народ примаше инфузии во болнички дворови, а живи луѓе лежеа со починати.

Филипче е човекот кој го урниса здравството.

Наместо да набавува вакцини, Филипче лета со хеликоптер и вози мотори со Заев.

Филипче, џабе смислуваш лаги, кој да ти верува? Па народот на своја кожа ја чувствува твојата неспособност. Еден добар совет од ВМРО-ДПМНЕ, не го лути народот со твоите лаги, ако не те бива дај си оставка“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Scroll to Top