ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ставил потпис за набавка на томографи 15 милиони поскапи од првпат понудените

пред 3 години

„Венко Филипче наместо да се грижи како да набави вакцини, се занимава со јавни набавки, со огромни разлики во цена. Филипче потпишал одлука за избор на понудувач, со која Министерството за здравство ќе треба да плати 15 милиони повеќе од првично понуденото“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на Министерството за здравство кое беше реакција на прес-конференцијата на Антонијо Милошоски.

„Филипче е демантиран, како и за се друго. Еве каде Филипче сака да ги троши парите на граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Филипче фрла 15 милиони повеќе за разлика во цена наместо со истите да се потруди да купи вакцини.

Филипче е срам за здравството“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Scroll to Top