ВМРО-ДПМНЕ цел на истрага, се проверува како протекоа податоци за истрагата за пасошите пред кривичните пријави

пред 3 години

Обвинителството ќе побара Министерството за внатрешни работи да каже дали и кои лица ги откриле податоците за истрагата со изработка на пасоши со лажен идентитет за членови на криминални групи и нарко картели. Ова следува откако министерот Оливер Спасовски кажа дека опозицијата сакала да ја саботира истрагата која полицијата ја водела и организирала брифинг и открила тајни информации.

„Обвинителството во целост ќе ги истражи информациите за доспевање на податоци од постапката во јавноста во завршната фаза од обезбедувањето на доказите, односно непосредно пред поднесување на кривичните пријави. За таа цел надлежниот јавен обвинител од МВР ќе побара материјални докази дали и кои лица тие податоци ги направиле достапни на јавноста, а воедно ќе обезбеди и вербални докази во рамките на своите законски овластувања“, се вели од Обвинителството.

Спасовски веќе побара одговорност од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски за информациите пласирани во јавноста пред поднесување на кривична пријава.

„Сакам да упатам порака дека со опструкции и саботажи ќе не спречат во пресметката со криминалните структури, бадијала се трудат. Нема да не поколебате. При реализација на оваа акција се соочивме со саботажа, која за среќа не успеа. Директно од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски беа пласирани информации за истрагата, со што можеше да се загрози се она што се сработи од полициските службеници, меѓународните партнери и Интерпол“, рече Спасовски на вчерашната прес-конференција.

Scroll to Top