ВМРО-ДПМНЕ: Џафери ја прекрши демократијата, не даде пратениците да го прашаат Спасовски за Мафија 1 и 2

пред 3 години

„Талат Џафери вчера ја прекрши деморатијата. Тој не даде пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да зборуваат за да не го прашаат Спасовски за Мафија 1 и 2.

Спасовски нема аргументи, ниту знае како да се вади, затоа што до гуша е во криминал.

215 балкански и светски наркобосови во време на Оливер Спасовски и Зоран Заев добиле македонски пасош со друг идентитет и со тој пасош слободно се шетале низ светот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„215 наркобосови и терористи убивале и правеле криминал низ светот со македонски идентитет кој им е овозможен од македонските власти.

Спасовски избега за да не зборува ниту за 20.000 двојни матични броеви.

Интерпелацијата помина без ВМРО-ДПМНЕ, затоа што власта се плашеше дека Спасовски ќе биде прашан и за дрогата со која беше фатен возачот на Трајче Заев, но и за акцијата со наркобосовите од Грчец и Арачиново која им беше пробиена од внатре.

Спасовски избега да даде одговории за спорните набавки на автомобили, но и за давањето на лиценците за испитните центри на новоформирани фирми, на луѓе блиски до Спасовски и Заев.

Спасовски избега затоа што нема одговори ниту на овие, ниту на стотина други прашања, избега затоа што е заштитник на мафијата. Избега сега, но бегање нема. Одговорност ќе има“, изјави ВМРО-ДПМНЕ.

Scroll to Top