ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов нема проект, реконструкцијата на Универзалната сала е нова лага

пред 4 години

Новата лага на Шилегов се вика реконструкција на Универзалната сала и истата се гледа од авион, велат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Според нив, не постои пресметка за тоа колку би чинела најавената реконструкција, нема план, ниту проект за реализација.

„Откако три години купија со лагата за дислокација сега смислија нова. Претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ на Петре Шилегов му остави два завршени проекти. Еден за комплетно нова сала на истото место и вториот проект за темелна реконструкција со проширување на истиот. Бидејќи поминаа три години, а ниту една од можностите не ги искористија, јасно е дека Петре Шилегов ‘мати празна слама” и продава басни додека Универзалната сала пропаѓа“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, во кое се додава дека на Скопје му треба градоначалник, а не шминкер.

Scroll to Top