ВМРО-ДПМНЕ: 300 починати од Ковид-19 за една недела, а за Филипче се е под контрола

пред 3 години

300 починати од КОВИД-19 за една недела, и уште 60-тина слободни кревети во болниците, а Филипче вели се е под контрола.За една недела имаме скоро 9.000 заразени. Четири пати повеќе отколку што Филипче предвидуваше за цела пандемија. Секој ден е буквално нов пик и за починати и за заразени. Ситуацијата е одамна излезена од контрола велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ:

„Филипче е неспособен да набави вакцини. Веќе 4-ти месец нема вакцини. И тие вакцини кои пристигнаа се донации. Филипче е директно одговорен заедно со Заев за сите починати од први јануари до сега, да имаше вакцини, голем број од нив ќе беа спасени. Ситуацијата е очајна во целост. Пациентка умре затоа што во болница немаше кој да и даде кислород, луѓе примаат инфузии во дворовите од болниците, а живи лежат до мртви и примаат терапија„ – стои во соопштението од партијата.

Scroll to Top