Возач удрил во пешак во село Карбинци и побегнал

пред 4 години

Возач во селото Карбинци удрил во пешак и избегал од местото на несреќата. Според соопштението на СВР-Штип, настанот се случил вчера на регионалниот пат во село Карбинци, кога непознато патничко возило удило во 40-годишната Н.П, жител на село Карбинци. По несреќата, Н.П била пренесена во штипската Клиничка болница, каде лекарите констатирале телесни повреди. По овластување на јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полициска станица Штип. Полоцијата трага и по возачот, кој наместо да и помогне на повредената жена, избегал од местото на несреќата. Текстот Возач удрил во пешак во село Карбинци и побегнал е превземен од А1он .

Scroll to Top