Загина пешак на патот Струга-Ќафасан, побегнал автомобилот што го прегазил

пред 3 години

Педесет и двегодишен жител на Струга загина откако во него удри автомобил на магистралниот пат Струга-Ќафасан.

По незгодата, возилото го напуштило местото на настанот, а пешакот Н.Н. бил пренесен во Медицинскиот центар Струга, каде од страна на лекар била констатирана смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Scroll to Top