Возило на МВР удрило во два мопеди, повредени се две девојки

пред 4 години

Вчера во 13.15 часот на паркинг кај ХЕЦ- Матка во Скопје, патничко возило „шкода октавија“, сопственост на МВР, управувано од О.М.(44), враќајќи се наназад удрило во два мопеди „јиајуе“ со скопски регистарски ознаки . Во незгодата, со телесни повреди се здобиле две сопатнички на мопедите, Е.П.(19) и К.Б.(19) од Скопје, констатирани во болницата „8-ми Септември“ во Скопје. Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.

Извор: makfax.com.mk

Scroll to Top