16-годишна скопјанка со возило удрила во пешак, паркирани автомобили и канделабра, па избегала

пред 3 години

Вчера во 21:00 часот било пријавено дека во автокампот Крани-Ресен патничко моторно возило „фолксваген“ со ресенски регистарски ознаки управувано од непознат возач удрило во пешакот А. К. (21) од Битола, како и во две паркирани возила и канделабра, по што го напуштилo местото на настанот, информира МВР.

– Во незгодата А. К. се здобила со тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Ресен. По превземени мерки утврден е идентитетот на возачот, станува збор за 16-годишнo девојче од Скопје, со кое бил извршен разговор во присуство на родител и претставници на Центарот за социјални работи Ресен и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштува Министерството за внатрешни работи.

Scroll to Top